Како да ги прочистите цревата со ленено брашно: Врвен метод што го забрзува метаболизмот и го израмнува стомакот!

Прочитајте

Лененото брашно е едно од најважните состојки во здравата исхрана

Лененото семе содржи пет слоја, а надворешниот слој епидерм создава слузест материјал што се активира во допир со течности. Тој слузест дел од семето ги впива сите нечистотии во цревата и ги исфрла.

Експертите сметаат дека лененото брашно е поздраво и поефикасно од лененото семе, па препорачливо е семето да го сомелете во електрична мелница за кафе пред да го консумирате.

Лененото брашно можете да го користите секојдневно во исхраната, на различни начини:

1. Додајте лажица ленено брашно во појадокот

2. Кога ќе приготвувате сосови, додајте лажица ленено брашно во нив

3. Измешајте лажица ленено брашно со 25 мл кефир или јогурт

4. Додајте малку ленено брашно во тестото за леб или колачи

Со оглед на тоа што лененото брашно е богато со влакна, препорачливо е секогаш да го консумирате со многу течности.

Најбрзиот пат до рамен стомак

Ако се обидувате да ослабите или да ги подобрите вашите навики за исхрана, лененото брашно би требало да биде еден производите што се редовно вклучени во вашата исхрана. Лененото брашно е богато со нутриенти, има бројни лековити својства и е одлична замена за бело брашно.

Не содржи глутен и идеално е за луѓето на кои глутенот им предизвикува здравствени проблеми. Често се користи за подобрување на варењето и за олеснување од констипација. Исто така, може да помогне во снижувањето на лошиот холестерол, а со тоа и во подобрувањето на здравјето на срцето и крвните садови.

Лененото брашно е богато со влакна кои го стабилизираат нивото на шеќер во крвта. Содржи дури 25% од нив, од што 12% создаваат посебна слуз која го снижува холестеролот. Здравите црева се патот до рамен стомак. Лененото брашно дејствува лаксативно и така ги прочистува цревата од наслаги и токсини и го поттикнува развојот на добри бактерии.

Содржи и лецитин, кој помага во разградбата на нездравите маснотии во дигестивниот тракт, а влакната и слузта ги врзуваат за себе и ги елиминираат од телото, со што се спречува нивното задржување во организмот.

25% од лененото семе го сочинуваат протеини со комплетен профил на аминокиселини. Лененото брашно истовремено го снабдува организмот со Б витамини, со калиум, магнезиум и цинк – кои се есенцијални за слабеење.

Лененото семе е најбогатиот природен извор на лигнани – супстанции од растително потекло кои имаат низа лековити својства. Лигнаните спаѓаат во групата природни фитоестрогени со силни антиоксидативни, антиканцерогени, антивирални, антифунгални и антибактериски својства, кои исклучително позитивно дејствуваат и на здравјето на мозокот.

Доколку сакате да ослабите, наместо вечера, изедете шолја јогурт во која сте потопиле една до две лажици ленено брашно.

Еве на кој начин жените треба да користат ленено семе: Го забрзува метаболизмот и ги намалува брчките!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.