Овој колач од 3 состојки е вистински хит: Не постои поевтин десерт, а се приготвува за 5 минути!

Рецепт

Научете како брзо и лесно да приготвите вкусен десерт

Овој колач е толку едноставен за приготвување што и помалку искусните домаќинки ќе го направат од прва. Можете да го правите со различни сокови и така да добиете колач во други бои.

Состојки:
  • 100 г шеќер
  • 1 л сок или 5 чаши (може да биде од портокал или од вишни)
  • 120 г пченкарен скроб (1 шолја)
  • кокос за украсување (по избор)
Приготвување:

Ставете тенџере на рингла, сипете 5 чаши сок и полека загревајте. Потоа, додајте пченкарен скроб и мешајте додека се стопи. Додајте и шеќер, па загревајте додека добиете густа смеса како за пудинг. Потоа, ставете ја смесата во калапи со форми по желба, што претходно сте ги намокриле со вода. Оставете ги малку да се оладат и стегнат. Кога ќе го извадите колачот од калапот, извалајте го во кокос и послужете го.

Поздраво од ова нема: Освежувачки колач без додаден шеќер!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.