Синди Крафорд ја покажала својата линија на 56 години: Иако годините летаат, таа не се менува – во ова е тајната!

Дознајте повеќе

Синди Крафорд објавила фотографија во бикини и ги распаметила следбениците

Не се вели бадијала – еднаш супермодел, секогаш супермодел. Барем така е во случајот на Синди Крафорд, која иако ја гази шестата деценија, изгледа фантастично!

Славната манекенка сега се соблекла во минијатурно бикини и предизвикала општо воодушевување на Интернет, со оглед на тоа што им 56 години.

Наметната само со фротирски баде-мантил, некогашната супермоделка позирала во тегет костим за капење, кој ги истакнувал нејзините облини, затегнатиот стомак и витиот струк.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

Многумина коментирале дека изгледа идентично како во 1990-тите кога владеела со модниот свет. Доволно е да погледнете некои од нејзините стари фотографии за да се уверите дека овие тврдења се вистинити.

Синди никогаш не криела дека здравата исхрана е заслужна за нејзиниот беспрекорен изглед, како и редовниот тренинг, па така таа задолжително јаде салата секој ден и пие зелен чај, но повремено си дозволува и топка сладолед или чоколаден колач.

Синди открила и дека одбегнува намирници како леб, тестенини и ориз, како и преработена храна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)

„Се трудам да имам 20-минутен кардиотренинг најмалку три пати неделно. Потоа, од 30 до 60 минути правам исчекори, клекнувања, кревам тегови – тоа се едноставни работи што ги научив пред 30 години“, открила таа своевремено.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)


Кога станува збор за негата на лицето, Крафорд тврди дека клучно е да ја приспособите шминката што ја користите на своите години и да имате на ум дека препаративната козметика е поважна од декоративната и дека фокусот треба да ви биде на негата на кожата.

Открила дека и самата таа ја заменила љубовта кон шминката со љубовта кон препаратите за нега.

„Би рекла дека тоа е најголемата еволуција за мене. Тоа ми дојде некако интуитивно со годините“, истакнала таа за „Вог“ во една пригода и додала дека и негата на психата и одржувањето на внатрешниот мир се многу важни за зачувувањето на младоста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cindy Crawford (@cindycrawford)


Крафорд објаснила и што подразбира правилната грижа за кожата, објаснувајќи дека тоа значи задолжително чистење наутро и навечер, тонирање на кожата и нанесување квалитетни хидратантни кремови, кои би требало да содржат и високо ниво на СПФ. Таа нагласила дека пожелно е да вклучите и серум во дневната рутина, ако имате проблеми со кожата, како проширени пори и хиперпигментација.

„Мислам дека најважно е да се грижите за своето тело и ум, за вашите односи и да имате пријатели со кои можете да се смеете и да разговарате“, прокоментирала оваа убавица во една пригода.

Синди Крафорд (56) се колне во оваа диета и изгледа брутално: Овој режим на исхрана симнува 5 кг за една недела! (МЕНИ)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.