Бен Афлек ужасно се досадува на медениот месец: Фотките на кои спие додека крстосува по Сена го обиколија светот!

Смеа до солзи!

Изгледа дека на Бен не му е толку интересно на патувањето со латино-дивата

Младенците Џенифер Лопез и Бен Афлек моментално уживаат во Париз. Меѓутоа, таа романтична идила ја прекинаа урнебесните фотографии од актерот кои со брзина на светлината го обиколија целиот свет.

Имено, папараците го уловиле Бен како спие на медениот месец и тоа, верувале или не, на столче за време на крстосувањето по Сена во француската престолнина. А во пловидбата уживале заедно со своите деца од претходните бракови.

За време на медениот месец, двојката често била забележувана како разменува нежности, па така не се воздржувале ни за време на вечерата во отмениот ресторан Le Matignon, ни додека пловеле по реката.

Се чини дека сето тоа прилично го изморило славниот актер, кој се опуштил на бродот, па малку дремнал на столчето. Шеговитите коментари под фотографиите на социјалните мрежи не престанале да се нижат! Изгледа дека обожавателите на Афлек едвај дочекаа да се пошегуваат на негова сметка.

Џенифер и Бен неодамна се венчале на интимна церемонија во Лас Вегас. Се имаат запознаено пред повеќе од две децении на снимањето на филмот „Гигли“, многу брзо запловиле во врска и се свршиле, но нивната љубовна врска тогаш не успеала.

Сепак, нивната моментална вљубеност и среќа ги демантира сите наводи дека ретко кога успева љубовта со поранешен партнер.

Погледнете некои од најинтересните моменти на двојката „бенифер“…

Џенифер Лопез и Бен Афлек тајно се венчале во пустина? Случајно ги издал ОВОЈ ДОКУМЕНТ: „Тоа е ЗНАК дека сега се МАЖ И ЖЕНА“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.