Шок во британското кралско семејство: Испливала последната желба на кралицата Елизабета Втора?

Никој не очекувал

Никој од кралското семејство не се огласил официјално, но медиумите ги пренесуваат гласините

За здравјето на британската кралица Елизабета Втора (94) се пишува со години, а последниве месеци, многу странски медиуми пишуваа дека здравствената состојба ѝ е многу лоша.

Иако Бакингемската палата досега ги демантирала сите овие наводи, магазинот „Глоуб“ повторно пишува дека кралицата нема да живее уште долго, а сега ја откриле и нејзината последна желба.

Имено, како што открил изворот, скандалот што го потресол кралското семејство кон крајот на минатата година, во кој нејзиниот омилен син, 60-годишниот принц Ендру (60), е вплеткан во секс-афера во која починатиот Џефри Епстајн е осуден како сексуален предатор, му нанел голема штета на дворот. Но сега дојде времето овој принц и да плати за тоа.

Иако принцот Ендру своеволно се одрекол од кралските должности, исто како што тоа го направиле и принц Хари и Меган Маркл, за 94-годишната кралица тоа не било доволно, па сега одлучила да ги разреши и неговите титули.

Како што наведува анонимниот извор, последната желба на кралицата пред смртта е на својот син да му ја одземе кралската титула, поради лошиот публицитет што последниве неколку месеци му го нанел на дворот.

„Ендру ја изгуби репутацијата, кралската работа, платата, а наскоро ќе ја изгуби и титулата. Не може да го одбегне соочувањето со законот. Ќе го добие тоа што го заслужил“, заклучил изворот.

Вака кралицата Елизабета ги одржува виталноста и здравјето: Јаде само сезонско овошје и зеленчук, а обожава чоколадо!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.