Ново откритие на научниците: Имунитетот на коронавирус веројатно е поголем одошто покажуваат тестовите!

Добри вести

Истражувањето е објавено на официјалната страна на институтот Каролинска

Новото истражување на шведскиот институт Каролинска и Универзитетската болница Каролинска покажува дека многу луѓе со благи или асимптоматични случаи на коронавирус, имаат имунитет посредуван со Т-клетки, дури и ако не се позитивно тестирани.

Според истражувачите, тоа значи дека човечкиот имунитет веројатно е поголем одошто покажуваат тестовите на антитела.

Научниците направиле анализи на имунолошките примероци од повеќе од 200 луѓе, од кои многумина имале благи или немале симптоми. Истражувањето опфатило пациенти од Универзитетската болница Каролинска и други пациенти, односно нивните асимптоматични семејства. Освен тоа, биле вклучени и здрави донатори на крв во периодот од 2019 до 2020 година.

„Т-клетките се вид на бели крвни клетки кои се специјализирани за препознавање клетки заразени со вирус и претставуваат важен дел од имунолошкиот систем“, вели Маркус Бургет, доцент во Центарот за инфективна медицина при Каролинскиот институт и еден од главните автори на овој научен труд.

Тој додал дека напредните анализи им овозможиле детално да го одредат одговорот на Т-клетките за време на периодот и по инфекцијата со ковид-19.

„Нашите резултати покажале дека речиси двојно повеќе луѓе развиле имунитет на Т-клетките во споредба со оние кај коишто може да се откријат антитела. Сега треба да се извршат поголеми и лонгитудинални испитувања и на Т-клетките и на антителите, за да се утврди колку е долготраен имунитетот и колку се поврзани овие компоненти на имунитетот на коронавирус.“

Научниците додале и дека пациентите со тешка клиничка слика развиле силен имунолошки одговор.

„Нашите резултати покажуваат дека јавниот имунитет на ковид-19 веројатно е значително поголем одошто покажуваат тестовите на антителата. Тоа е многу добра вест од перспектива на јавното здравје“, вели професорот Ханс-Густаф Љунгрен од Центарот за заразна медицина.

Резултатите од ова најново истражувања, сè уште не поминале низ стручна проверка.

Кај оваа група луѓе коронавирусот предизвикува мозочен удар: Погодува силно и директно, проверете дали сте изложени на ризик!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.