Вака кралицата Елизабета ги одржува виталноста и здравјето: Јаде само сезонско овошје и зеленчук, а обожава чоколадо!

Прочитајте!

Елизабета Втора нема да проба ни парче овошје или зеленчук што не се сезонски – постои само една намирница што ја јаде во текот на целата година, дури и станала зависничка од неа

Дали сакате пролетна салата или јагоди среде зима? Или попрво би изеле јаболко и круша налето, иако знаете дека есента е нивната сезона? Благодарение на супермаркетите, во денешно време можете да направите каква сакате овошна салата или друго јадење, без разлика што на состојките „не им е сезона“.

Вие можеби би го направиле тоа, но за британската кралица тоа е неприфатливо. Без оглед на тоа што има врвни готвачи на располагање, кои можат да ја послужат со сѐ што ќе ѝ падне на памет, Елизабета Втора отсекогаш јадела само храна што може да се најде во тековното годишно време, пишуваат британските медиуми.

Освен тоа, таа никогаш не би ставила в уста ни парче ГМО овошје, открива поранешниот шеф на кралската кујна Дарен Мекгрејди во интервју за Recipe Plus. Тоа важи и за јагодите, иако ѝ се омилено овошје.

„Можете секој ден да ѝ праќате јагоди на кралицата за време на летниот одмор во Балморал и таа нема да каже ни збор. Но ако се обидете да вклучите јагоди во менито во јануари, веднаш ќе ги премине сите граници и ќе ви испрати порака да не се осмелите никогаш веќе да ѝ испратите ГМО јагоди. Таа јаде исклучиво сезонски производи“, вели готвачот кој работел 15 години за британската кралица.

Сепак, постои една намирница од која таа не се откажува преку цела година. Тоа е чоколадото. Всушност, Мекгрејди вели дека Елизабета Втора е чокохоличарка! Во интервју за HELLO!, главниот готвач рекол дека на кралицата ѝ се нудат неколку менија, и таа секогаш го одбира она што содржи јадења со чоколадо.

„Имаше книга со менија, обложена со црвена кожа и сите менија беа собрани тука. Готвачите ги одбираат менијата и таа ги прецртува оние што не ги сака“, навел Мекгрејди.

Нејзиното Величество најмногу ужива во чоколадни тартуфи и розов шампањ. Кутија од тие чоколадни бонбони во Хародс може да се набави за 15 долари.

Долговечна владарка: Ова е тајната на кралицата Елизабета
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.