Револуционерно решение против појава на брчки, подочници и оток околу очите

Тимот на Panthenol Extra, создаде крема за пределот околу очите, која што успешно се бори против првите знаци на стареење

Сакале или не, првите знаци на стареење се најмногу видливи на кожата околу очите.

Зошто е тоа така?

Кожата околу очите е потенка и поосетлива за разлика од кожата на другите делови од телото. После 20тата година, кожата почнува да го губи нивото на колаген, па како резултат на тоа, кожата станува уште потенка и покревка, а тоа значи појава на првите брчки и фини линии. Како што се намалува колагенот, крвните садови стануваат повидливи што ја зголемува појавата на темните кругови (подочници).

Понатаму, со текот на стареењето, ослабнува структурата на ткивото околу очите, вклучително и некои мускули кои што ги поддржуваат очните капаци. Кожата почнува да виснува, а маснотиите кои што помагаат за поддршка на очите, може да се преместат во пределот под очите. Исто така, кожата под очите може да акумулира течност што манифестира со појава на оток (перничиња).

Генетските предиспозиции, УВ-зраците, пушењето, недостатокот на витамини, намалениот квалитет на сон, недоволното консумирање на вода, како и останатите животни навики, можат да допринесат за побрзо намалување на нивото на колаген и побрзо стареење на кожата.

Тимот на Panthenol Extra, создаде крема за пределот околу очите, која што успешно се бори против првите знаци на стареење. Triple Defense Eye Cream е револуционерна крема, со тројно дејство против појава и редуцирање на:

  • Брчки
  • Подочници
  • Оток.

Со иновативна формула која се бори против знаците на стареење и уморот околу кожата на очите.
Содржи тетрапептиди, хијалуронска киселина, арганово масло, бел чај, алое, шеа путер, екстракт од семки од грозје.

Активните состојки длабоко продираат во кожата, го зголемуваат производството на колаген и еластин, ја потхрануваат и хидрираат кожата, правејќи ја да изгледа помладо, поубаво и поодморено.

Видливи резултати по првите 2 недели од користењето.

Тестирано на 25 жени, 14 дена:

  • 76% забележале намалување на подочниците и отокот околу очите;
  • 84% забележале помлад изглед на кожата;
  • 80% од жените забележале поодморен изглед на кожата околу очите.

*Кремата е дерматолошки и офталмолошки тестирана, и не содржи парабени.

Без разлика на која возраст сте, никогаш не е прерано да почнете со користење на оваа крема за нега на деликатната област околу очите.

Купете ја преку продажната мрежа на Friday Shop, или во следните аптеки: Здравје Фарм-Битола, Хигија-Куманово, Био Фарм-Тетово, Авена Фарм-Тетово, Жива Фарм-Велес, Александра-Свети Николе, Карпе Дием- Чаир и Рунолист- Чаир.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.