Долговечна владарка: Ова е тајната на кралицата Елизабета

Нема намера да се симне од тронот

Кралицата на Велика Британија, и покрај тоа што има 93 години, и понатаму е витална и нема намера да запре. Многумина се прашуваат како ѝ успева тоа на Елизабета Втора…

Генетско наследство

Нејзината мајка доживеа 101-годишна возраст. Многумина веруваат дека кралицата има потенцијал да ја престигне мајка си и да живее повеќе од 101 година.

Животен стил

Кралицата веќе има голема предност со тоа што никогаш не пушела цигари, ниту пак пиела алкохол.

Вредница

Кралицата Елизабета, уште откако беше принцеза, постојано е вклучена во кралските активности. Таа никогаш не останувала да ужива дома, туку постојано работи и присуствува на важни настани.

Здраво се храни

Познато е дека членовите на кралските семејства не јадат одредени намирници, особено оние што се јадат незготвени. Кралицата, конкретно, има готвач кој ѝ готви лесни, но високонутритивни оброци, во кои нема компири, ориз и тестенини.

Постојано е во движење

Таа секој ден пешачи и се движи колку што има можност, но никогаш не ја прескокнува оваа рутина.

Обожава чај

Англичаните имаат долга традиција на пиење чај, а кралицата освен традиционалниот англиски, наутро пие и по една шолја зелен чај. Кафе не пие никогаш.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.