Марија има 116 години и здрава е како дрен: „Ако сакате да живеете долго како мене, не смеете да ги заборавите овие 2 работи“

Совет за долг живот

Марија Брањас е најстарата личност на светот, и што е најчудно, нема никакви здравствени проблеми освен со слухот

Директорот на Институтот за истражување леукемија, Џосип Карерас, и професорот по генетика на Универзитетот во Барселона, овие денови ги поминуваат кај Марија Брањас, жена која има 116 години, за да ја откријат тајната на нејзината долговечност и така да развијат лек за болеста.

„Таа е неверојатна“, рекол професорот, кој зел примерок од ДНК-та на Марија, како од плунката, урината и крвта.

Тој за шпанските медиумите изјавил:

„Таа има комплетно луциден ум. Со импресивна јаснотија се сеќава на својот живот од периодот кога имала само 4 години, а нема никакви знаци на кардиоваскуларни болести, кои се вообичаени кај постарите луѓе. Единствениот проблем што го има е слабата подвижност и проблемите со слухот.“

Марија Брањас е родена во Сан Франциско во 1907 година, но како дете се вратила во Шпанија. Живеела во различни области во Каталонија и има три деца.

Таа тврди дека секој ден јаде јогурт, а смета дека е долговечна, бидејќи никогаш не се прејадувала:

„Секогаш јадам малку, но никогаш не сум следела некаков режим на исхрана. Никогаш не сум боледувала од никаква болест, ниту кога правев операција.“

Кога ја прашале која е тајната на нејзиниот долг живот, таа објавила на Твитер:

„Ред, мир, добри врски со семејството и пријателите, контакт со природата, емоционална стабилност, многу позитивна енергија и бегање од токсични луѓе“.

Сепак, Марија тврди дека од пресудно значење е генетиката, но и среќата.

Што се однесува до генетиката, и доктор Естелер се согласува со Марија, откривајќи дека неколку членови на семејството на Марија доживеале 90 години.

Слушнете ги нејзините инспиративни совети во видеото во продолжение…

Неодамна го прославила 100. роденден и ја открила тајната на долговечноста: Клучот не е во исхраната, туку во ОВА!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.