Како да ги подобрите ефектите од вашиот тренинг со Ашваганда?

Во денешно време не е тешко или невозможно да се води здрав начин на живот. Сѐ што треба да направите е да воведете неколку промени во вашата секојдневна рутина кои ќе ви помогнат да останете здрави и фит.

Во светот на здрава исхрана и консумирање на природни додатоци, Ашваганда се истакнува како природен гигант. Оваа древна билка, вкоренета во ајурведската медицина, се користи илјадници години за подобрување на виталноста и здравјето.

Но, зошто спортистите, особено оние кои практикуваат ригорозни тренинзи, треба да размислат за вклучување на Ашваганда во нивната исхрана?

Студијата објавена во списанието Journal Of The International Society Of Sports Nutrition ги испитувала ефектите на Ашваганда врз силата и закрепнувањето на телото. На испитаниците два пати на ден им давале екстракт од корен од Ашваганда.

Резултатите покажале дека кај групата испитаници кои консумирале Ашваганда имало значително зголемување на силата и на големината на мускулите, зголемување на нивото на тестостерон, намалување на телесните масти и намалување на оштетувањето на мускулите предизвикано од вежбање.

5 докажани ефекти од редовното користење на Ашваганда:

1 Ашвагандата е моќна билка која го намалува стресот со регулирање на нивото на кортизол во вашето тело. Кортизолот се нарекува хормон на стрес бидејќи е директно поврзан со вашиот одговор на стрес.

Додека кортизолот има неколку здравствени придобивки, хроничното покачено ниво на кортизол предизвикува зголемување на телесната тежина, висок крвен притисок, намален имунитет и зголемен ризик од дијабетес.

Ова е особено важно за спортистите, кои постојано го зголемуваат нивото на кортизол поради редовното интензивно вежбање. Иако постојат неколку начини за регулирање на кортизолот за време на вежбањето, како што се внесувањето доволно количество јаглени хидрати и грижата за правилно закрепнување по вежбањето, Ашвагандата е корисна алатка и за одржување на кортизолот под контрола.

2 Ашвагандата ги подобрува атлетските перформанси и го зголемува нивото на енергија и издржливост. Оваа билка исто така ја зголемува мускулната маса преку регулирање на односот помеѓу тестостеронот и кортизолот.

Бидејќи нивото на тестостерон се намалува кога нивото на кортизол се зголемува, намалувањето на кортизол директно го подобрува нивото на тестостерон и го стимулира мускулното зголемување.

3 Ашваганда е богата со есенцијални нутриенти и соединенија како витаниолиди, алкалоиди и холин, кои играат важна улога во производството на енергија и функцијата на мускулите.

4 Бидејќи несоницата е директно поврзана со стресот, Ашвагандата е одличен природен начин за подобрување на вашиот сон. Ова е особено корисно за спортистите и рекреативци кои имаат проблеми да заспијат по интензивните вечерни тренинзи, поради зголеменото ниво на кортизол и адреналин.

5 Интензивните тренинзи понекогаш може да го нарушат имунолошкиот систем. Ашвагандата ја зголемува имунолошката активност на клетките и нуди засилена заштита од низа заразни болести.

Ашваганда не е само уште еден додаток во исхраната, таа е комплетно решение што се однесува на повеќе аспекти на благосостојбата кај сите оние кои практикуваат физичка активност. Без разлика дали сте рекреативец или професионален спортист, вклучувањето на Ашваганда во вашата дневна рутина може да ви обезбеди подобри перформанси.

Напомена: Употребата на Ашваганда без професионален совет може да не доведе до посакуваните резултати. Консултирањето со ајурведски лекар или консултант е од голема важност за да  се одреди соодветната доза и начинот на користење врз основа на вашата здравствена состојба.

Важно: Информациите содржани во овој текст се исклучително информативни и не се замена за професионален медицински совет или третман. Секогаш побарајте совет од здравствен работник за сите прашања во врска со вашата здравствена состојба.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе