Никол Кидман има 58 кг во 6. деценија – како ѝ успева? Никогаш не гладува, но строго се придржува до ОВА правило!

Како Никол Кидман се храни и вежба?

За неа не постои забранета храна

Актерката Никол Кидман (56) никогаш не изгледала подобро!

Тоа го докажува и најновата насловница на магазинот Perfect, на која позира со дефинираните мускули и затегнатото тело.

Оваа мајка на четири деца вели дека за нејзиниот изглед заслужна е нејзината долгогодишната љубов кон фитнесот и вежбањето, како и другите физички активности.

Никол со години зборува дека сака да биде активна кога е во природа, без разлика дали станува збор за јога на отворено или за прошетка со семејството, но истакнува и дека се труди да одржи баланс кога станува збор за исхраната. Не е тајна дека актерката со години ја практикува диетата 80/20, која подразбира 80 отсто од времето да јадете здрава храна, додека 20 отсто од времето можете да уживате во храната што ја сакате.

„Не постои забранета храна, и токму таа омилена храна што смеете да ја јадете е она што ќе ве задржи на диетата, а може да се ослаби многу“, тврди Никол Кидман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)


Кога станува збор за нејзината љубов кон вежбањето, Никол вели дека тоа ѝ е во гените, бидејќи пораснала во семејство на физички активни луѓе, кои обожавале да трчаат полумаратони. Сепак, таа верува дека клучно е да не се претерува со ниту еден вид вежбање, за да не „прегорите брзо“.

„Ако размислувате да почнете секое утро да станувате рано и да трчате неколку километри до крајот на животот, тоа ќе ви стане здодевно и ќе почнете да го одложувате алармот уште наредното утро“, порачува Никол и советува да ги менувате активностите, како што прави таа, практикувајќи трчање, јога, шетање и танц.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicole Kidman (@nicolekidman)


Ако добро ја погледнете Никол, ќе сфатите дека нејзините совети навистина се ефикасни, па затоа, почнете да ги применувате на себе!

Ако не можете веднаш да влезете во кондиција за трчање, почнете со лесна јога, која сигурно ќе ви годи, одете на лесна прошетка, угодете си себеси и почнете да танцувате. Набрзо ќе сфатите дека забавните активности ја опуштаат психата, а со самото тоа ве полнат со хормони за среќа, додека масните наслаги полека но сигурно се топат.

ОВА е менито на Никол Кидман: Познатата актерка ја откри тајната за витата линија!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.