ОВА е менито на Никол Кидман: Познатата актерка ја откри тајната за витата линија!
Совршена и во шестата деценија!
Австралиската актерка Никол Кидман практикува посебна диета, попозната како диета 80:20. Тоа значи дека 80 проценти од времето јадете здрава храна, а останатите 20 се релаксирате и уживате во омилените слатки, грицки и тесто.
„Воопшто не сум строга за диетата. Јадам сè, но умерено. Се трудам 80 отсто од храната што ја јадам да биде здрава… понекогаш се намалува до 70 отсто. Но, мислам дека најважно е да го пронајдете она што ви одговара, а јас сум навистина полна со енергија“, истакна таа.
Како функционира?
Ако, на пример, јадете три здрави оброци дневно, тогаш три нездрави се вашите 20 проценти за таа недела или ако јадете пет мали оброци дневно, тогаш можете да јадете седум мали задоволства неделно. За уште подобри резултати, „заштедете“ калории една недела и држете се до планот, а потоа „одморете“ за викенд. Можете да го примените истото правило и за вежбање.
Нутриционистите ја поддржуваат оваа диета бидејќи не значи елиминирање на која било група на храна, ниту опсесивно броење калории. Дополнително, советуваат оброците да се планираат однапред за да се има подобра контрола врз храната што се внесува.