Тркалца од сирење – многу фино предјадење!

Погодни за секоја пригода

Ви предлагаме вкусен и лесен рецепт за кој не се потребни многу време, вештина, а и термичка обработка!

Состојки:
500 г фета-сирење
100 г нмачканица од сирење
2 чешниња лук
шарен бибер по вкус
100 г чадено чили-сирење
2 лажици свеж магдонос, сечкан
2 лажици сусам
1 лажица кисела павлака
50 г чаен колбас
50 г солени крекери

Приготвување:

Во сад ставете го добро изладеното фета-сирење и изгмечете го со виљушка. Додајте ги мачканицата од сирење и ренданото лукче, а на крај и прстофат мелен шарен бибер. Ставете го садот во замрзнувач 20 минути.

За тоа време, ситно изрендајте го чаденото сирење, ситно исечкајте го магдоносот, а во суво тавче пропржете го сусамот. Кога ќе се излади сусамот, измешајте го со сирењето и магдоносот.

Со лажица вадете парчиња од смесата со сирење и редете ги на проѕирна фолија.

Намачкајте ги рацете со масло и обликувајте бомбички. Секоја бомбичка валајте ја во смесата од сирење, магдонос и сусам.

Тенко намачкајте ги крекерите со кисела павлака, па ставете крукче чајна. Врз чајната се става бомбичка од сирење, лесно се притиска да се залепи, па се реди во сад за послужување.

Текст: Добра храна

Фото: Јека Мариќ

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.