КОРНЕТИ СО ЦЕЛЕР – одличен вкус, добра финта!

Не чекајте ги празниците за да приготвите нешто убаво и вкусно. Оваа лесна салата ќе ве освои со вкусот и изгледот! Пробајте ја!

Состојки:
250 г лиснато тесто
околу 300 г корен од целер
200 г павлака
сок од лимон по вкус
сол и бибер по вкус
1 јајце, за премачкување
сусам за посипување
магдонос по вкус

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Доколку немате соодветни калапи, направете картонски фишеци и обложете ги со алуминиумска фолија.

Лиснатото тесто развлечете го тенко и исечете го со тркалце на ленти широки 1-1,5 см.

Почнете од врвот и навиткајте ги лентите на калапите така што малку да се преклопуваат. Тестото не мора да се витка докрај, нека бидат мали корнетите.

Наредете ги корнетите  на плех и премачкајте ги со изматено јајце. Посипете ги со сусам или ким и печете ги околу 15 минути на 220 степени.

Испечените корнети внимателно извадете ги од калапот и оставете да се изладат. Излупениот целер изрендајте го што поситно. Веднаш посипете го со сок од лимон за да не потемни, а потоа додајте павлака, сол и бибер по вкус. Измешајте сè и наполнете ги корнетите. Посипете ги со сечкан магдонос.

Текст: Добра храна

Фото: Printscreen Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.