Тирамису со јагоди – едноставно, брзо и вкусно!

Слатко задоволство

Тирамису со јагоди е едно од оние слатки на кои секогаш со задоволство им се враќаме.

Состојки:
400 г јагоди
100 мл сок од портокал
30 г шеќер во прав
450 г плазма-бисквити
200 г крем-сирење
200 г шлаг

Приготвување:
Во блендер измешајте 150 г јагоди, сок од портокал и 2 лажици шеќер во прав додека добиете изедначена смеса.

Додајте го сирењето и преостанатиот шеќер во прав, а потоа и изматениот шлаг. Мешајте додека се соединат состојките.

Во сад за печење или огноотпорен сад редете ред бисквити потопени во сок од јагоди, ред фил од сирење, па ред изблендирани јагоди. Повторувајте ја постапката додека го потрошите целиот материјал.

Текст: Добра храна

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.