Шерон Стоун: „Кој и да ви каже дека изгледот не е важен – ве лаже!“

Без влакна на јазикот!

Славната актерка Шерон Стоун зборувала за важноста на надворешниот изглед

Шерон Стоун наскоро ќе ја гледаме во драмската серија на Нетфликс, Ratched, а претходно работеше на култниот филм „Лет над кукавичкото гнездо“, па по твој повод дала интервју за „Телеграф“.

„Не ни знаете колку е важен изгледот додека не почне да исчезнува. Голема, дебела и глупава лага е кога некој ќе ви каже дека изгледот не е важен“, вели 62-годишната ѕвезда на „Основен инстинкт“.

Поради тоа, вели дека и самата таа е дисциплинирана кога станува збор за нејзиниот изглед, па и покрај ограничувањата поради ковид-19, редовно вежба во својот дом на Беверли Хилс.

„Правам по 30 клекнувања дневно, а додека гледам телевизија кревам три килограми тешки оловни топки“, открива Шерон и додава дека тоа е така само затоа што не може да оди во вежбалница.

https://www.instagram.com/p/CFFmiw_pmX2/?utm_source=ig_embed

Славната актерка доколку била на глас дека е „тешка личност“ и дека а актерка со која е тешко да се работи, а сега вели дека се чувствува ослободена од тие обвинувања по движењето #MeToo.

За магазинот „Телеграф“ се присетила на еден режисер кој ја замолил секој ден додека ѝ дава упатства да му седи во скут. Денес, вели, дека е помека и дека не обрнува внимание на сè што ќе доживее.

Шерон Стоун: „Не ми пречи кога некој маж ќе ме удри по задникот!“
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.