Шерон Стоун: „Не ми пречи кога некој маж ќе ме удри по задникот!“

Провокацијата беше и остана нејзин заштитен знак

Славната 62-годишна актерка Шерон Стоун се обидела да пронајде партнер на Интернет, а бидејќи, како што вели, имала толку многу лоши искуства одлучила да напише книга за тоа искуство.

Искрено, целата работа беше толку страшна што сега сакам да напишам збирка со кратки приказни за моите искуства од запознавањето на мажи на Интернет. Страниците за запознавање едноставно не се добри. Вистинската хемија, онаа напнатост, се случува само во реалниот живот – не на некој сајт“, рече актерката.

Стоун смета дека луѓето стануваат сè помалку способни да бидат во нормален контакт со други луѓе токму поради страниците за запознавање.

Луѓето веќе не знаат како да се однесуваат за време на вечера, како да учествуваат нормално во врска или да комуницираат. Не сакам врска што се сведува на текст со некој со кој што се гледам. Тоа е ужасно за мене“, рече Шерон.

За актерката е тажно што луѓето повеќе не флертуваат едни со други, за што ја обвинува технологијата.

Технологијата нè лиши од флертот. Луѓето повеќе не флертуваат дури и кога се заедно. И мислам дека нема никаква врска со стареењето“, изјави актерката.

Иако е поддржувач на движењето „MeToo“, на Шерон не ѝ пречи кога мажите ќе ја допрат по задникот или ќе и се обратат со „срце“, затоа што смета дека постојат поважни работи за кои треба да се бориме.

Не ми е гајле дали некој ќе ме удри по задникот. Сите тие се само мали победи. Можеби тоа е затоа што имам 62 години, па поминав низ сешто, што ми дава јасна слика за тоа што го заслужува моето внимание, а кои се работите кои ќе исчезнат сами по себе со текот на времето“, заклучи Шерон.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време