Најнеобичната и најубавата билка која секому му успева: Еве како да одгледувате сребрен дожд!

Сте чуле за калоцефалус?

Прекрасен летен украс за градината или терасата, но и фантастична собна атракција во текот на зимата

Калоцефалусот или сребрениот дожд е интересна билка со грмушест облик, со потекло од Австралија. Достигнува висина до 50 см. Расте исправена со висечки долни гранчиња. Има сребрено сива боја, како и ливчиња што се ситни и иглести.

Цути на средина од летото, кога нејзините ситни тркалезни цветчиња најпрво се сиви, а подоцна добиваат розеникава или бледожолта нијанса.

Услови за одгледување:
  • Успева на изразено сончеви положби.
  • Бара умерено полевање и растресита почва.
  • Не поднесува ниски температури, па зимно време треба да се внесува внатре, исто така на светло и сончево место.
Размножување и одгледување

Размножувањето се врши со резници што се сечат од матичната билка и се внесуваат во стакленик пред мразовите, бидејќи не поднесува температура пониска од 7 степени. Со размножување се почнува во јануари, резниците се вршат со две интернодии и се забодуваат во песковит супстрат на температура од 20 степени Целзиусови. Ожилувањето трае две недели, по што се всадуваат во саксии од 10 см и по една недела температурата им се намалува на 18 степени, кога им се скаструваат горните делови.

Скаструвањето се повторува и по месец дена. Од средина на февруари се почнува со поладен третман, па се изложува билката на температура од 10-15 степени, сè до првата недела од мај кога се почнува со нивно садење во надворешен простор. Може да се посадат и повеќе ожилени резници во поголеми саксии, како на пример, три резници во саксии од 12 см, но тогаш, поместете го скаструвањето на резниците за две недели, скастрете ги само еднаш втората недела од март и изнесете ги надвор третата недела од мај.

Неговата изразено сребрена боја е извонредна за комбинирање со други видови во корпи, жардиниери и саксии.

Фенг шуи: Носи пари и благосостојба во домот – на сите ни е потребна оваа јапонска билка!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.