Шеријатскиот закон ѝ го уништил животот, се откажала од семејството и побегнала: Сега е барана моделка со овој заштитен знак!

Претрпела страшно насилство

Тешките ситуации ја натерале на радикални потези, го променила животот од корен!

Рахаф Мохамед пред три години побегнала од семејството и преку Тајланд стигнала до Канада, од каде што зела пасош, откажувајќи се од презимето.

Малтретирањето, заканите и злоупотребите биле дел од секојдневјето на оваа девојка со немирен дух, желна за слобода. Се изборила за неа на најтешкиот можен начин и жртвувала сé што било поврзано со нејзиниот претходен живот во Саудиска Арабија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rahaf Mohammed (@rahafcaofficial)

Познато е дека жената во шеријатскиот систем на Саудиска Арабија е граѓанин од втор ред. За не постојат простор и можности за изразување и напредок. На мажите им се толерираат многу работи кои ширум светот строго се казнуваат. Но под бурката, клокотела немирната крв на Рахаф, желна за ослободување од стегите и бегство од репресијата со која се соочувала во семејниот дом, дури и од страна на оние што би требало да ѝ дадат најголема љубов. Притисокот бил неиздржлив.

Оваа Канаѓанка доживеала бројни трауми од страна на браќата и мајка ѝ, а ситуацијата ескалирала кога била силувана од страна на таксист. Тој ја одвезол на далечна, непозната локација и ја обесчестил. Запознала други сопатници преку Интернет и започнала да прави план за бегство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rahaf Mohammed (@rahafcaofficial)

Прво се упатила кон Тајланд. Шест дена седела во хотел, знаела дека не може да се врати назад, бидејќи семејството сигурно ќе ја убие поради тоа срамот што им го нанела. Продолжила преку Тихиот Океан до Канада, каде што пронашла нов живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rahaf Mohammed (@rahafcaofficial)


Свесна за својот атрактивен изглед, Рахаф отворила страница на Only Fans. Расчистила со својата вера, го отфрлила старото презиме и потекло. Сега е многу барана моделка, што многумина ја следат поради раскошната коса и тетоважите.

Дознајте повеќе за нејзината животна приказна од следново видео…

Мајка ѝ била нападната со нож и силувана: Потресна приказна на мисицата, која за малку ќе била дадена на посвојување!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.