Ќерката на Мајкл Џексон станала вистинска убавица: Еве што ќе наследи од татко ѝ кога ќе наполни 30 години!

Успешно гради актерска кариера

Смртта на татко ѝ ѝ е рана што никогаш нема целосно да зарасне…

Парис Џексон, ќерката на познатиот пејач Мајкл Џексон, станала вистинска убавица. Таа поминала низ многу турбулентен период во животот, но се справила со многу предизвици и сега гради успешна музичка кариера.

Парис е родена во 1998 година, а уште тогаш била во центарот на вниманието на светската јавност поради славата на татко ѝ. Останала без татко кога имала само 11 години, а мајка ѝ Деби Роу ја запознала дури на 13 години и тврди дека денес имаат квалитетен однос.

По смртта на татко ѝ, нејзиниот живот целосно се променил. Повеќепати зборувала за нивниот однос. Тој ѝ дал еден совет што и денес добро го памети:

„Никогаш не заборавај! Ако умрам утре, секогаш сеќавај се на сé што ти имам кажано“, со тага раскажала Парис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)


Нагласила дека добро го запомнила неговиот совет, а тој многу ѝ зборувал и за светот на глумата и музиката:

„Вежбавме заедно, имавме мали импровизирани снимања. Ќе ми кажеше: ‘сега ќе плачеш во оваа сцена’ и јас го правев тоа. Сакаше да ме воведе и во светот на музиката и во светот на глумата“, се присетила таа.

Парис повеќепати се има појавено во кампањи на „Келвин Клајн“, кои ѝ биле отскочна штица за нејзиното понатамошно занимавање со глума. Таа станала прекрасна млада жена која има доволно пари за да не работи ништо, но тоа не ја спречило да посака да изгради своја кариера.

Нејзиниот имот се проценува на повеќе од 100 милиони долари, а кога ќе наполни 30 години, ќе наследи една третина од богатството на Џексон. Како што ќе станува повозрасна, така ќе добива сé повеќе пари.

Каде се сега и што прават децата на Мајкл Џексон: Зошто ниту еден од нив тројца не го користи богатството на татко им?
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.