Каде се сега и што прават децата на Мајкл Џексон: Зошто ниту еден од нив тројца не го користи богатството на татко им?

ВИП-приказна

По смртта на татко им, Парис, Принц и Мајкл морале сами да се изборат за себе

Поминаа 12 години од смртта на Мајкл Џексон, кралот на поп-музиката. Зад себе оставил семејство, пријатели, армија од обожаватели, но и многу скандали. Неговата смрт фрлила светло и на неговите деца, кои дотогаш биле заштитени од јавноста.

По смртта на пејачот, повеќе ништо не било исто за Мајкл Џосеф Џексон, Парис Џексон и Принц Мајкл Џексон Втори (сега познат како Биги Џексон) – тие морале сами да се пробиваат во животот.

Иако се многу блиски, секое од трите деца на Џексон е независно на свој начин. Сите тие живеат самостојно, без да се потпираат на други луѓе.

Принц Мајкл Џексон Втори

Најмладото дете на кралот на поп-музиката, долго време бил енигма за јавноста, бидејќи многу внимавал на својата приватност. До неговата 18 година речиси и да не знаевме како изгледа. Неодамна, Биги Џексон (го променил името кога наполнил 18 години) купил куќа во Калабасас, Калифорнија, недалеку од местото каде што живее баба му Кетрин Џексон. Иако наследил пристојна сума на пари, Биги заработува од тоа што коментира филмови на Јутјуб, од својот канал „филмско семејство“.

Парис Џексон

Единствената ќерка на Мајкл Џексон е девојка со необична убавина. Со исклучително сините очи и белиот тен, Парис се прославила како модел, а често си кажува за себе дека е актерка. Имала неколку впечатливи улоги во филмови и во ТВ-серии, но најголем талент покажува на модните писти. Покрај моделство и глума, Парис исто така и пее и има свој бенд. Во 2017 година живеела во куќа вредна 2 милиони долари во кањонот Топанг, но потоа се преселила во Лос Анџелес, каде што живее и денес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

Џозеф Мајкл Џексон

Џозеф Мајкл Џексон, кој себеси се нарекува Принц, е најстариот син на Мајкл Џексон. Кога имал 23 години, завршил факултет со највисоки оценки, а поседува и хуманитарна организација. Инспириран од хуманитарната работа на татко му, Принц Џексон има идеја да ги спаси сиромашните и гладните деца, бездомниците и жртвите на злоупотребување.

„Додека растев, имав можност да го видам влијанието што татко ми го имаше врз малите деца кои ги посетуваше во болниците. Тој всушност само се обидуваше да им го разубави денот, онака како што знаеше и умееше. Со оглед на тоа што беше позната личност, можеше и да ги инспирира тие млади луѓе.

Не се чувствувам надарен и талентиран како што беше татко ми, но чувствувам потреба да ја продолжам таа порака за љубовта, да бидам љубезен и да им помагам на другите. Чест ми е да го продолжам наследството“, рекол Принц за медиумите.

Принц Џексон живее на имот од 2 милиони долари, кој го купил самиот во Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝚙𝚔 (@parisjackson)

Синот на Мајкл Џексон откри нови детали од детството поминато со славниот татко
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.