Мајка ѝ била нападната со нож и силувана: Потресна приказна на мисицата, која за малку ќе била дадена на посвојување!

Тешка приказна

Валери Гато ја однела титулата за најубава жена во Пенсилванија, иако во детството се чувствувала несакано

Кога во 2014 година се појавила на натпреварот за Мис на Америка, Валери Гато влегла во топ 20 најубави девојки во САД.

Била прогласена за Мис на Пенсилванија, а малкумина знаеле дека мисицата крие неверојатна животна приказна.

За тоа зборувала јавно, сакајќи да им помогне на сите жртви на сексуално злоупотребување. Валери открила дека мајка ѝ останала бремена откако била силувана.

„Кога ќе се родите како резултат на силување, не знаете кој ви е татко, не знаете дали некогаш ќе го најдете, повеќето луѓе тоа би го сметале за несреќна ситуација. Пораснав со мајка ми и со нејзините родители. Тие никогаш не ме гледале како нешто погрешно. Имам семејство што ми дава многу љубов и поддршка и која ми вели дека би можела да бидам и претседателка на САД, ако посакам“, рекла Валери во една пригода.

Кога имала само шест години, Валери ѝ поставувала на мајка ѝ прашања за татко ѝ, но не добивала одговори. Кога мајка ѝ ѝ соопштила дека нејзиниот татко никогаш нема да биде во нејзиниот живот и дека треба да се помири со тоа, Валери не се откажала од желбата да дознае што се случило. Тогаш мајка ѝ ѝ открила дека била нападната со нож и дека била силувана.

„Нешто лошо ми се случи. Еден многу зол човек ме повреди, но Бог ми те подари тебе“, ѝ рекла мајка ѝ, а Валери ги пренела нејзините зборови во својот блог.

Освен тоа, мајката на популарната мисица сакала да ја даде Валери на посвојување. Како што вели, мајка ѝ сакала некое друго семејство да ѝ даде подобри услови за живот, но другите членови на семејството не го дозволиле тоа.

„Мислам дека сè се случува со причина. Сакам да им кажам на луѓето дека сè е возможно и дека не смеете да дозволите негативните околности да ви го дефинираат животот“, порачала мисицата.

Валери денес патува ширум САД за да разговара со жените помеѓу 18 и 30 години за тоа како да се заштитат од сексуална злоупотреба и да им даде поддршка на жртвите на сексуално насилство.

По силувањето и признал дека е геј, но славната „дадилка“ сѐ уште има односи со него! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.