Кралицата Летиција маестрално споила 2 водечки тренда: Овие парчиња мора да ги има секоја жена во плакарот есенва!

Овие парчиња се неопходни за совршен есенски стајлинг

Уште еднаш ги воодушевила модните критичари

Кога некој знае што значи добар стил, тоа изгледа вака! Кралицата Летиција (49) уште еднаш објаснила зошто ја нарекуваат кралица на стилот и ни даде одличен предлог за трендовски стајлинг.

Таа на феноменален начин ги споила двата најголеми трендови за оваа есен. Станува збор за кожени панталони и карирано сако од твид.

На овој модел на панталоните популарноста не му паѓа со години, а ништо помалку актуелен нема да биде ни оваа сезона. Доколку досега не сте набавиле, задолжително купете си барем еден пар. Ова е многу практично парче што може да се носи на безброј начини, а најдобро стои со блејзер.

Сакото, како ова во коешто се прошетала Летиција, се врати на модната сцена во голем стил и е полн погодок сезонава. Сè повеќе дизајнери во своите колекции го вклучуваат овој модел.

Од модните експерти, како што и се очекуваше, Летиција доби чиста десетка, а која оцена вие би му ја дале на овој стајлинг?

Кралска десетка: Мајсторски стилизиран волнен џемпер во изведба на шпанската кралица Летиција (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.