Се криела под тела на мртви луѓе за да преживее: Потресна семејна приказна на Мила Јововиќ што малкумина ја знаат

Тешка семејна приказна

Познатата холивудска актерка е горда на своите корени, а неодамна со јавноста ја споделила потресната историја на нејзиното семејство

Иако не зборува често за своето семејство, во една пригода Мила Јововиќ споделила потресни детали од животот на нејзината баба.

Славната холивудска актерка Мила Јововиќ е родена во Украина во 1975 година. Мајка ѝ е руската актерка Галина Огинова Јововиќ, а татко ѝ е спрски доктор Богдан Јововиќ, чие семејство води потекло од Црна Гора. Мила не зборува често за својата приватност и за корените во јавност, меѓутоа, во една пригода одлучила да ја сподели потресни детали од животот на членовите на нејзиното семејство.

Имено, Мила објавила фотографија од баба ѝ Татјана Ивановна која преживеала вистински пекол за време на Втората светска. Како што раскажала актерката, баба ѝ секојдневно ја гледала смртта в очи, а во текот на борбата за преживување, доживеала морничави сцени.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milla Jovovich (@millajovovich)

„Баба ми Татјана Ивановна на 16 години ѝ се приклучила на војската како болничарка и стигнала до Берлин. Спасувала живот, но својот едвај го спасила. Цело време се криела под мртви тела за да преживее. Ова девојче имало многу тежок живот и секојдневно ја гледала смртта в очи. Потоа се вратила и го започнала животот од нула, пораснала две деца како самохрана мајка. Секогаш ќе се сеќавам колку беше прекрасна. Среќна сум што бев со неа неколку месеци пред да почине, ја носев на прошетки додека беше во количка и разговарав со неа за животот. Тие мигови се повеќе од посебни. Те сакам бабушка, многу ни недостасуваш!“, напишала Мила под фотографијата на нејзината баба.

Она што е неоспорно, покрај мачната и тешка животна приказна на нејзината баба, е тоа дека Мила неодоливо потсетува на неа!

Мила Јововиќ не личи на „себе“ кога е без шминка?! (ФОТО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.