Мила Јововиќ не личи на „себе“ кога е без шминка?! (ФОТО)
Околу нејзиниот изглед се „кршат копја“!
Популарната актерка е тема на дискусија на социјалните мрежи
Холивудската актерка со потекло од Украина, популарната Мила Јововиќ (45), отсекогаш важела за една од најубавите дами на големото платно. Бившата манекенка и хероина на популарната франшиза „Притаено зло“ честопати на Инстаграм објавува фотографии на кои позира во природно издание и околу кои се „кршат копја“ на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Имено, добар дел од следбениците ја „напаѓаат“ и ја обвинуваат дека без шминка изгледа сосема поинаку од филмската дива што ја гледаме на црвениот килим, додека, пак, обожавателите на нејзиниот лик и дело ја бранат и тврдат дека е еднакво убава.
Дали се во право првите или вторите – проценете сами! Нам и природна ни изгледа „блескаво“.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм