Софија пристигна дома на Свети Никола: Пере „Нокаут“ се пофали со наследничката (ФОТО)

Неговото трилече што мириса на млеко

Никола Перевски Пере од групата „Нокаут“ својата голема радост ја сподели со следбениците на социјалните мрежи.

Имено, по пауза од 13 години, популарниот музичар стана татко третпат, и на неговиот именден Свети Никола во неговиот дом пристигна најмладиот член на семејството, третата ќерка, која му е прво дете со партнерката Јована Темелковска.

Си дојде дома мојата трета ќерка, моето трилече што мириса на млеко. За многу години Св. Никола“, напиша Пере во описот на фотографиите.

Најмладата ќерка на Пере се вика Софија. Пере од првиот брак ги има ќерките Михаела (21) и тринаесетгодишната Каја.

Фото: Инстаграм, архива на „Убавина и здравје“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.