Првиот Божиќ во кралското семејство бил „сурова“ лекција за принцезата Дајана: Тазе снаата била посрамотена

Невообичаени божиќни подароци

Покојната принцеза Дајана, мајка на принцовите Вилијам и Хари, својот прв Божиќ поминат со членовите на кралското семејство долго време го паметела, пренесуваат британските медиуми. Имено, во 1982-та година, Дајана на потежок начин се запознала со традицијата на семејството на нејзиниот сопруг, принцот Чарлс, – наместо корисни и вредни подароци, тие едни на други си подаруваат бесмислени, симболични и смешни подароци. Тоа го прават затоа што знаат дека имаат доволно пари за да си купат се’ што ќе посакаат.

Па така, не знаејќи за овој обичај, принцезата Дајана на принцезата Ана, ќерка на кралицата Елизабета, ѝ купила џемпер од кашмир, а од неа добила на подарок држач за тоалетна хартија. Во тој момент, членовите на кралското семејство почнале гласно да се смеат, а меѓу нив и Чарлс. Дајана во тие моменти многу се засрамила, пренесува изворблизок на британското кралско семејство.

За следниот Божиќ, таа ја научила лекцијата и добро се подготвила во согласност со традицијата. На принцезата Ана ѝ купила додаток за када, кој испаднал совршен погодок. Ваквата традиција до ден денес ја следат и нивните деца. На пример, принцот Хари како мал на кралицата Елизабета за Божиќ ѝ подарил капа за туширање на која пишувало „Не ли е животот кучка“. На кралицата ѝ се допаднал подарокот и добро се насмеала.

Пред да ја запознае и да се ожени со Меган Маркл, Хари од снаата Кејт Мидлтон за Божиќ добил сет кој се викал „како да
ја забремениш девојката“. Меган на кралицата наводно ѝ подарила за Божиќ ‘рчко што знаело да пее. И принцезата Ана се покажала дека има добра смисла за хумор и на својот брат, принцот Чарлс, за Божиќ му подарила капак за веце-шолјата направен од кожа.

Фото: Профимедија

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.