О Боже! Дали ја препознавате холивудската убавица на фотографијата? (ФОТО)

Каква трансформација!

Филмската дива Мишел Фајфер (62)  за потребите на улогата во филмот „Stardust“ од 2007-та година, кога ја толкуваше улогата на вештерката Ламија, која што има дури 5.000 години, носеше специфична и страшна маска.

Преобразбата во Ламија. Мислам, погледнете ја оваа уметност. Ѝ благодарам на талентираната екипа што ме направи со толку застрашувачки изглед“, напиша неодамна 62-годишната актерка на социјалната мрежа Инстаграм покрај неколкуте фотографии што ги споделила на кои што навистина изгледа непрепознатливо.

 

За да ја постигнат оваа трансформација, шминкерите морале да ја шминкаат подолго од четири часа секој ден, а нејзината коса била скриена под силиконската навлака, а потоа ѝ била ставена седа перика.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.