Хелена Суша е апсолутна победничка на годинешниот интернационален музички онлајн-натпревар во Јута, САД

Браво!

Нашата талентирана млада сопранистка, Хелена Суша, која веќе неколку години наназад е активна и на интернационалната сцена, е апсолутен победник на овогодинешниот интернационален музички он-лајн натпревар во Јута, САД.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helena Ānat Susha (@helena_susha)

Кингс Пик Интернационалниот музички натпревар е отворен за млади музички таленти од целиот свет, а се оддржува во неколку фази. Првата фаза е одобрување за натпреварување од страна на стручното жири, а потоа има уште две фази до пласирање во финалето.

Талентирана млада сопранистка Хелена, не само што се пласираше во финалето, туку таа го освои и апсолутното прво место во нејзината категорија, во чија конкуренција беа учеснички од Италија, Германија, САД, Романија, Полска, Чешка, Русија, Австралија и многу други земји.

Нејзиното име и видео од финалната фаза ќе биде промовирано на големи и значајни оперски сајтови во Америка.

Ова не е прв пат, Хелена Суша да се претстави пред стручната светска и оперска јавност, 2019 година по посвојувањето на второ место на Германскиот интернационален вокален натпревар во Нојштад, Германија, таа за прв пат дебитираше со германската Рајнпфалц државна филхармонија, а истотака минатата година на меѓународниот натпреварот „Руска Романсијата“ беше прогласена за најмлад лауреат и имаше свој настап со оркестарот во Москва, Русија. И оваа година таа го освои првото место на Руска Балканска Романсијада, но за жал поради пандемијата, не беше во можност да замине во Москва на финалето.

Хелена има 19 години и е прва година на Факултетот за музичка уметност во класата на проф. Ана Дурловски, а досега има учествувано на голем број семинари кај светски признати уметници како што се Клаудија Едер, Олга Макарина, Тамар Рахум, Рона Израел, Ѓузепе Гипали, Благој Нацоски, Раме Лахај, Александра ди Џорџио и други.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Helena Ānat Susha (@helena_susha)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.