Теодора Џехверовиќ го бодри својот дечко кошаркар на натпревар: Пробала да се сокрие од папараците но не успеала! (ФОТО)

Џехви е најголема поддршка на познатиот кошаркар...слатко.

Фото: Antonio Ahel/ATAImages

Кошаркарите на ФМП на домашен терен го победија тимот на Игокеа. Резултатот бил 78:64 во натпреварот од 19. коло од регионалната АБА лига.

Тимот од Железник го предводел Матиќ Ребец од Словенија, кој имал посебна поддршка во публиката.

Неговата девојка, младата популарна пејачка Теодора Џехверовиќ го бодрела на натпреварот, се сокрила на трибините носејќи капче но сепак папараците ја виделе и фотографирале.

Џехви била во друштво на нејзините пријатели и фризер и цело време срдечно навивале. Таа за оваа пригода се облекла лежерно, темни фармерки и црна маичка, кои ги споила со капа и чизми.

Познатата пејачка останала до самиот крај на натпреварот, а потоа ја напуштила салата заедно со другите навивачи.

Нејзиниот дечко Матец освоил дури 15 поени и се истакнал на натпреварот, а како да не успее кога имал ваква поддршка.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Фото: Antonio Ahel/ATAImages

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.