Се’ им е поважно од семејството и кралицата: Еве што направиле сега Меган и принц Хари!

Потполно исклучени

Откако објавиле дека нема да присуствуваат на традиционалната божиќна забава, одбиле уште две покани на кралицата Елизабета

Откако британската кралска палата потврдила дека војводата и војвотката од Сасекс оваа година нема да присуствуваат на традиционалната прослава за Божиќ во Сандрингем, британските медиуми дознале дека парот нема да биде присутен ниту на вечерата во Бакингемската палата која веќе долги години се одржува во чест на послугата и вработените во кралското семејство, а која самата кралица ја финансира за да покаже благодарност за нивната лојалност и напорна работа.

Освен тоа, Хари и Меган ќе го пропуштат и предбожиќниот ручек во Бакингемската палата на кој во среда се собираат сите членови на британското кралство. Младото семејство заедно со својот седуммесечен син ќе пропушти низа важни настани поради одмор.

Имено, принц Хари на својата баба кралицата Елизабета пред неколку недели и’ најавил дека ќе замине на приватен одмор со сопругата и синот на локација која на јавноста се’ уште не и’ е позната и ја известил дека празниците ќе ги помине со мајката на Меган, Дорија Рагланд.

Со оглед на тоа што претходните две Божиќни прослави ги поминале со семејството на Хари, кралицата наводно има разбирање за ситуацијата и тоа и’ се чини како логичен потег.

Хари и Меган веќе го започнале својот шестнеделен годишен одмор од кралски обврски и појавувања во јавност, а на почетокот од јануари ќе им се вратат на своите должности.

Традиционалната божиќна прослава во Сандрингем ќе биде можност целото пошироко кралско семејство повторно да се собере на едно место и заедно да помине неколку пријатни денови.

По божиќниот појадок целото семејство оди пеш до локалната црква во Норфолк, освен кралицата која се вози во автомобил, а тоа е атракција за целото место и жители кои едвај чекаат да се случи настанот.

Според британските медиуми, на прославата би требало да и’ се придружи и 98-годишниот принц Филип, кого долго не сме го виделе во јавност, а кој своето време во пензија најмногу го поминува на имотот во Сандрингем.

По утринската миса, членовите на кралството одат во палатата Сандрингем на заеднички ручек. Се служи мисиркино месо со многу прилози, во голема сала со неколку големи овални маси. Во посебна просторија се сместени децата, кои, пак, имаат свое мени за јадење.

Во попладневните часови, машките членови одат на традиционален лов на птици, по што женските членки ги чекаат во дворот со чајанка. Играат друштвени игри, а семејството ужива во празничното расположение.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.