Во продажба е специјалното издание на британскиот The Economist: The World in 2020 на македонски јазик!

Промоцијата на ова специјално издание се одржа на 17 декември (вторник) во резиденцијата на амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија – Рејчел Галовеј

Колор Медиа Плус, издавачите на популарните магазини „Убавина и здравје“, „Homestyle“, „Руски доктор“ и „Добра храна“ за првпат оваа година се сопственици на лиценцата за специјалното годишно издание на британскиот магазин The Economist: The World in 2020 кој отсега може да се најде во продажба на македонски јазик во сите поголеми маркети. The Economist инаку важи за четврти најдобар медиумски бренд во светот.

Во The Economist: The World in 2020 може да се прочитаат предвидувања на експерти за тоа што не’ очекува во новата година од аспект на економија, бизнис и технологија. Покрај тоа, може да се прочитаат и интервјуа со македонски еминентни личности од различни области.

Промоцијата на ова специјално издание се одржа на 17 декември (вторник) во резиденцијата на амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија – Рејчел Галовеј, во потесен круг на врвни бизнисмени, докажани експерти во својата област и претставници на медиуми.

Свое обраќање покрај британската амбасадорка имаше и менаџерот на овој проект – Александар Наков.

Погледнете кој се’ присуствуваше на промоцијата на македонското издание на The Economist: The World in 2020.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.