Само во хулахопки: Кендал Џенер е фотографирана на улица облечена во комбинација без долен дел! (ФОТО)

Би прошетале вака?

Збогум за срамежливоста!

Иако досега важеше за најповлечен член на семејството Кардашијан-Џенер, убавата Кендал (27) успеа да ги изненади сите.

Таа неодамна беше фотографирана како лежерно оди по улица, носејќи голем букет цвеќе во раката, облечена само во црн џемпер и темни црни хулахопки!

Овие хулахопки имаат подебел дел, кој наликува на долна облека, а изгледаше како манекенката набрзина да излегла од дома заборавајќи да облече здолниште или панталони.

Целиот изглед го комплетира со црни потпетици, чанта и големи црни очила. Косатаслободно ѝ паѓаше, а со оглед на насмевката на лицето, би рекле дека е свесна што прави.

Со оглед на тоа што преостанатите сестри Кардашијан се добро познати по тоа што сакаат да се експонираат и да добиваат медиумско внимание, изгледа дека Кендал добила некој совет од нив.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.