Ова е манекенката која тврди дека РОНАЛДО ѝ пишал: Поради својот изглед го добила прекарот „српска Ирина Шајк“ (ФОТО)

Шара - бара...

Манекенката Кристина Периќ откри дека Кристијано Роналдо ѝ пишал на Инстаграм.

Легендарниот фудбалер Кристијано Роналдо наводно во една пригода ѝ пишал на српската манекенка Кристина Периќ. Таа гостуваше во емисијата „Амиџи-шоу“, каде што беше во центарот на вниманието поради нејзината изјава за фудбалерот.

Роналдо навистина ми пиша на Инстаграм, но пораката дојде во погрешни раце, во рацете на новинарите. Ми испрати селфи, разменивме неколку пораки, но тоа беше се’. Ништо повеќе не се случи. Имаме заеднички пријатели, верувам дека поради тоа ми се јави, рече Кристина.

Поради изгледот го носи прекарот „српската Ирина Шајк“, а според неа, Ронално одлучил да ѝ пише во 2016 година, веднаш по раскинувањето со Ирина Шајк.

Кристина е многу успешна во светот на манекенството и важи за една од најуспешни манекенки во Србија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.