Никоја друга како Карлеуша! Јелена се најде на „Модната недела“ во Париз: „Облеката чини колку неколку луксузни апартмани“ (фото/видео)

Во жешко друштво...

Музичката ѕвезда отпатува во Париз за да присуствува на ревија на позната модна куќа

Јелена Карлеуша веќе неколку дена е во Париз. Таму се одржува „Модната недела“. Музичката ѕвезда отпатува во француската престолнина со ќерките Атина и Ника Тошиќ, но и во придружба на најблиските колешки.

Извор близок до пејачката информира дека Јелена утре ќе гостува на ревијата на модната куќа „Ветементс“ – бренд основан во 2019 година од Демна Гвасалија, до неодамна модната креаторка на „Баленсијага“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Да потсетиме, Јелена Карлеуша во 2018 година беше гостинка на брендот Версаче во Милано, кога на покана на Донатела Версаче присуствуваше на премиерата на колекцијата за следната сезона, додека во средината на септември 2023 година се појави во Амстердам на ревијата на брендот со кој работи со години.

Инаку, благодарение на нејзиниот моден израз, Карлеуша досега заврши во речиси сите светски медиуми.

Фото: Инстаграм
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.