„Профемина 2021“: Ѕирнете во програмата на регионалната конференција за жени

Што сакаат жените...

Жените сакаат да разговараат, да дискутираат, да прашуваат и да споделуваат, но сакаат и поддршка.

Голем број врвни експерти, познати дами – панелистки, награди, подароци за посетителите… сето тоа ќе се реализира во рамките на добро познатата регионална конференција за жени „Профемина 2021“!

По петти пат, конференцијата ќе се одржи на 8 декември 2021 година во хотел „Хилтон“ во нашата престолнина, со почеток во 10 часот.

Теми: живот, мотивација, здравје, изглед, психа, работа…

Учесници: постојат личности што не им се пример само на луѓето од својата околина, туку можат да не’ инспирираат и сите нас. Некои го прават тоа со својата несебичност, некои со упорноста, ентузијазмот, оригиналноста, осетот за бизнис… Токму такви луѓе учествуваат на „Профемина“.

Причини на 8 декември (среда) да бидете на „Профемина“: ги има многу, но сега ќе ви наброиме неколку.

И оваа година, организаторите на оваа регионална конференција за жени ветуваат квалитетна и едукативна програма, во рамките на која ќе се обработуваат теми важни за здравјето, убавината и животниот стил на современата жена.

Програмата е поделена во три сегменти.

Првиот ги опфаќа темите од областа на здравјето и превенцијата на актуелните ризици за здравјето: имунитет, исхрана и гојазност, проблеми со крвните садови и проширени вен.

Вториот сегмент се однесува на негата на кожата и превенирање на стареењето: долготрајна борба со акните, менопауза и промените што ги носи во животот на жената, современите методи за разубавување, што ги нудат дермалните филери и концептот – синергија на убавина однадвор и однатре.

Третиот сегмент е резервиран за можностите за бизнис-развој на современата жена: успешни приказни за стартување сопствен бизнис и блескави идеи за префрлување на својот бизнис на мрежата (онлајн).

Во паузите меѓу панел-дискусиите, посетителите ќе имаат можност да ја посетат „зоната на искуства“, каде што ве очекуваат изложбени штандови на поддржувачите на конференцијата, на кои ќе можете да ги погледнете, тестирате и дегустирате нивните новитети, подароци, вредни награди (сите посетители што ќе се регистрираат со оставање име и презиме на влезот учествуваат во лотаријата на конференцијата).

Исто така, посетителоте ќе можат да се освежат со напивките на refresh-партнерите на „Профемина“ Jaffa и Franck

Не заборавајте да се регистрирате при влезот за да учествувате во лотаријата – полна со вредни подароци од пријателите на конференцијата: VichyEsensaBiogaiaRevalidKrka, La Roche – PosayZan Mitrev ClinicA1Halk Bank,  Teoxane,  Violeta други верни пријатели на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје.”

Како да присуствувате?

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН! Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“ можат да си го резервираат своето место на оваа престижна конференција.

Пријавувањето може да го направите на мејл-адресата event@colormedia.com.mk, најдоцна до вторник, 7.12.2021.

Потребно е да го напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и да размените искуства со врвните експерти – панелисти на конференцијата. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти се ограничени.

Согласно протоколите за заштита на здравјето на населението од ковид-19, сите присутни треба да поседуваат сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18 години, и заштитна опрема.

Конференцијата стартува во 10 часот наутро, на 8 декември 2021 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Програмата на петтата регионална конференција „Профемина 2021“ во организација на највлијателниот магазин за жени „Убавина и здравје можете да ја погледнете ТУКА.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.