Нарко-шефица се расфрлала со милијардите и луксузот: Вака изгледа кога животот ќе ти приреди ладен туш!

Ема Коронел Ајспуро

Сопругата на озлогласениот мексикански наркобос, познат како „Ел Чапо“, во јуни ја признала вината за обвинувањата што тргнуваат од измами до нелегална продажба на дрога и била осудена на затворска казна

Ема Коронел Ајспур (32), сопругата на озлогласениот наркобос Хоакин Гузман „Ел Чапо“ е осудена на три години затвор по обвинувањето дека помагала во водењето на криминалната империја на својот сопруг вредна повеќе од милијарда долари, а имала улога и во неговото бегство од притвор, по што бил фатен во 2014 година.

Госпоѓата Коронел, поранешната кралица на убавината која се омажила за Ел Чапо на својот 18ти роденден била уапсена на меѓународниот аеродром Далес, близу Вашингтон, две години откако нејзиниот сопруг бил осуден на доживотна робија.

Американско-мексиканската државјанка, во светот позната како дивата Синалое, обожавала да се облекува раскошно во скапоцена облека и накит. Како и нејзиниот сопруг, долго била во центарот на вниманието на јавноста поради раскошниот животен стил.

 

Речиси секој ден била присутна на тримесечното судење на сопругот во Њујорк, за време на кое чула не само искази и извештаи за сурови убиства и силувања, туку и тврдења дека ги шпионирал неа и љубовниците.

Инаку, таа го запознала Хоакин Гузман на 17 години, кога тој имал 49 години и ја крунисал со титула на една од клучните фигури во водењето на нарко-картелот Синалое.

На сослушувањето за изрекување казна во Федералниот окружен суд во Вашингтон кажала дека се кае поради своите злодела и го замолила судијата Рудолф Контрерас да го игнорира фактот дека сопруга на наркобос. Кажала дека се кае поради учеството во нарко-картелот на својот сопруг.

Иако нејзиниот сопруг бил зад решетки, Ема имала низа нови работни проекти. Најавила покренување модна линија со иницијалите на својот сопруг JGL, што можеби е и логичен потег, со оглед на тоа што во Мексико има статус на модна икона.

Вистината за жената на најозлогласениот нарко-шеф: Била омажена за кралот на кокаинот, а денес живее во строга тајност!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.