Вистината за жената на најозлогласениот нарко-шеф: Била омажена за кралот на кокаинот, а денес живее во строга тајност!

Живот со кралот на кокаинот

Животот на семејството Ескобар одамна ја надминал секоја филмска приказна!

Мито или смрт или на шпански „plata o plomo“ е начинот на кој Пабло Ескобар ја држел цела Колумбија во раце, а денес, речиси 30 години од смртта (бил убиен на 2 декември 1993) на кралот на кокаинот, неговата сопруга живее во страв.

Станувало збор за ултиматум што му го поставувал на секој полицаец или на кој било друг што ќе му застанел на патот. Во превод, можеле да одлучат дали ќе го прават тоа што Пабло го сака или ќе добијат сребрен куршум.

Пабло Ескобар своето царство, освен на кокаин, го градел на лојалност, насилство и мито.

Тој во своите раце држел 80 отсто од светската трговија со кокаин. За неверојатниот живот на најпознатиот и најбогатиот дилер на дрога во светот, снимена е и успешната серија „Наркос“, која го полудела светот.

Денес, речиси три децении по смртта на Ескобар, ЦИА сè уште ги бара неговите тајни резерви, па лесно е да се претпостави дека бракот со таков човек навистина е приказна за себе.

Серијата ја претставува неговата сопруга Марија Викторија Енао како лојална и пресметлива, но треба да се направи разлика помеѓу реалноста и фикцијата.

Ескобар бил син на скромен фармер и на учителка, а Марија потекнува од многу попрестижно семејство. Имала само 13 години кога се запознале, а се омажила за него на 15 години. Со оглед на тоа што била цели 11 години помлада од Пабло, нејзиното семејство не било воопшто воодушевено од целата приказна. Се обиделе да ги спречат да се гледаат, сметајќи го премногу прост за Марија.

Меѓутоа, таа била тврдоглава и бунтовна, а нејзините зборови зошто се омажила, подоцна ги прераскажал нивниот син:

„Се вљубив во неговата желба да им помага на другите луѓе и во неговата емпатија за оние во неволја. Ние се возевме во сиромашни краеви и сонувавме за тоа како таму ќе градиме училишта за сиромашни. Од самиот почеток, тој секогаш беше џентлмен.“

Изгледа дека не била многу упатена во бизнисите на нејзиниот сопруг. Се претпоставува дека многу се сакале, но Ескобар сакал и да „шара“, па така пет години бил во врска со новинарката Вирџинија Валјехо.

По смртта на кралот на кокаинот, неговите сопруга и деца побегнале во Буенос Аирес, плашејќи се од одмазда на ривалските нарко-картели.

Аргентина им дала азил и Тата го сменила името во Марија Изабел Сантос Кабалјеро. Пред тоа, семејството отпатувало во Мозамбик, а барале помош и од Ватикан, меѓутоа биле одбиени. Дури и со новиот идентитет, животот во Аргентина не бил едноставен. Неколку часа откако јавно било откриено дека живеат во таа земја во 1999 година, Марија и Хуан Пабло биле уапсени поради обвинување дека перат пари.

Марија денес станала еден вид мистерија. Никој не знае каде се наоѓа.

Се претпоставува дека и таа е во Аргентина, бидејќи децата и понатаму живеат во таа држава. Но постојат и некои тврдења дека таа со вториот идентитет се преселила во Северна Каролина во САД.

Нејзиното последно појавување во јавноста било во документарецот од 2009 Sins of my father („Гревовите на мојот татко“), со кој Хуан Пабло побарал искупување за однесувањето на татко му.

Познатиот фудбалер со години водел двоен живот: Сопругата ја открила суровата тајна!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.