Познатиот фудбалер со години водел двоен живот: Сопругата ја открила суровата тајна!

Неверојатно!

Неверојатно е тоа што толку позната личност со години успеала да ги скрие двете семејства

Поранешната сопруга на познатиот фудбалер Патрис Евра доживеала шок кога дознала дека сопругот ја изневерил со друга жена. Меѓутоа, вистинското изненадување следело кога дознала дека француската легенда има и две деца со љубовницата.

Сандра (39) на новинарите им кажала како дознала дека Патрис пред неколку години во Лас Вегас ја запознал докторката Габриела Бирли (32).

Набрзо потоа, тие стапиле во љубовна врска иако Патрис бил во брак со Сандра, со која има две деца. Патрис (39) продолжил да се гледа со Габриела и кога се вратиле во Обединетото Кралство.

Габриела, нејзината сестра Ребека (36) и мајка Марија (56) патувале во Бразил за да го гледаат Евра како игра за Франција на Светското првенство во 2014. На социјалните мрежи објавиле фотографија на која може да се види дека се на натпреварот кога играле против Еквадор.

Следниот ден Сандра позирала во маица од француската репрезентација со број 3, каква што носи нејзиниот сопруг.

Минатата недела Сандра открила дека таа и Патрис се разведуваат по 25 години заеднички живот. Евра го напуштил семејниот дом во Париз во јануари за да работи за Sky Sports, а сега живее со моделот Марго Александра (25).

Сандра, која го запознала Евра кога имале 14 години, изјавила:

„Парис е единствениот маж што некогаш сум го сакала, а тој постапи сурово со мене.“

Пред неколку денови, извор близок на семејството на Евра во Обединетото Кралство кажал:

„Сандра ќе се скрши после ова. Тој водел двоен живот и ја изневерувал со години. Нејзините деца имаат полубрат и полусестра. Тоа е неверојатна ситуација“, пишуваат медиумите.

Го оставил семејството на цедило: Додека пејачот ужива во страсните прегратки на помлада девојка, неговата сопруга едвај сврзува крај со крај!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.