Профемина 2021: Со апликација на дермални филери може да се почне по 25 годишна возраст, порача д-р Даниела Димитрова

Какви можности нудат дермалните филери?

На „Профемина 2021“ во 15:30 часот се отвори и третата студија на случај со наслов „Да ја дефинираме нашата привлечност и да го надмудриме времето со најсовремените методи“, која наиде на огромен интерес кај публиката.

Ја модерираше водителката Јована Стојменовиќ, која разговараше со д-р Даниела Димитрова, стоматолог и сертифициран естетски доктор од TEOXANE, Швајцарија.

Дермалните филери го добија златното место во анти-ејџинг сферата, хијалуронот за оние кои помалку знаат всушност сите го имаме како природна супстанца во нашиот организам, но за жал со текот на стареењето се намалува неговото природно производство, па со дермалните филери ние успеваме на клиентите да им го пополниме изгубениот волумен и секако да им ја освежиме кожата“, објасни доктор Даниела Димитрова

Таа истакна дека секој кој ќе аплицира дермални филери мора да има познавање од анатомијата, да е технички подготвен и стручен бидејќи доколку се направи само мала грешка можат да се појават сериозни компликации кои ќе бидат штетни по здравјето на луѓето, што значи дека со дермалните филери може да работи единствено сертифициран доктор.

Тука имератив е постојаната континуирана едукација и посетување на многу обуки, тренинзи, семинари на кои докторот ќе ги следи светските трендови и ќе биде во тек со новитетите.

Јована Стојменовиќ побара од д-р Димитрова да ја објасни низ фотографии на жени разликата пред и по аплицирањето на  дермалните филери. Докторката образложи дека со апликација на филерите се постигнува лифтинг-ефект, па демонстрираше, со фотографии, како изгледаат лицата на жените пред и по апликацијата на филерите.

Додаде и дека TEOXAN филерите по апликацијата траат цели 9 месеци. A со континуирана апликација на многу малку хијалуронски филери се постигнува времетраење и до две години. Непосредно по апликацијата, таа ги советува клиентите да пијат многу течности како би помогнале во процесот на освежување на кожата по апликацијата на истите.

На прашање на публиката која е идеалната возраст да се почне со апликација на филерите, д-р Димитрова појасни дека по 25-та година веќе се евидентни првите промени на кожата на лицето на девојките и веќе е препорачливо да се направат вакви мали мали корекции, како би го задржале младешкиот изглед.

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.