Профемина 2021: Стратегии за блескав и совршен изглед! (ФОТО)

Покровител на оваа панел-дискусија е клинката „Жан Митрев“

Се одржа и четвртиот панел на конференцијата „Профемина 2021“, која се одржува во „DoubleTree by Hilton Skopje“. Модератор на овој панел е нашата позната водителка и лото-девојка Марјана Станојковска.

Темата на дискусијата беше „Разбуди ја убавината во себе“, а на неа дискутираа д-р Александра Лазаревска, дерматолог од клиниката „Жан Митрев“, потоа д-р Анџелка Илиева, исто така од клиниката „Жан Митрев“, нутриционистката Марина Релушкоска од „Жан Митрев“, како и познатата инфлуенсерка Марис Џолин.

Покровител на оваа панел-дискусија е клинката „Жан Митрев“.

Стануваме ли свесни за значењето на негата на кожата како однатре, така и однадвoр?“, „Како да го постигнеме потребното во услови на модерното брзо живеење“, исто така беа темите за кои се разговараше на овој панел.

Марјана ги праша панелистките, кои се врвни експерти во својата област, што се подразбира под „персонализирана диета“. Одговор на ова прашање имаше д-р Релушкоска.

Персоналната исхрана е важна, бидејќи јас можеби имам 50 килограми, некој повеќе, некој помалку, некој троши повеќе и на тој начин сите имаме ограничен и различен влез на храна. За да ослабиме, потребно е да внесуваме 1.500 до 2.500 калории на ден. Но важно е какви се тие калории. Немањето време поради многуте обврски во денот и брзото животно темпо не’ ограничуваат во начинот на нашата исхрана. Потребни се подобри совети. Клиниката Жан Митрев дава персонални диети и можеме да креираме исхрана за се’ што ни треба. Дури нудиме и таков пристап што може ние да ја приготвуваме храната“, вели Марина Релушкоска од „Жан Митрев“.

Модераторката Марјана Станојковска ја праша младата инфлуенсерка Марис Џолин за тоа какво влијание имаат социјалните мрежи врз физичкиот изглед.

Факт е дека ние помладите и повозрасните, нели, поминуваме доста време на социјалните мрежи. Од таму ги црпеме советите и следиме се’ што е потребно. Мој совет е да направите мало истражување пред да се одлучите за тоа што ќе користите за вашата кожа, барем тоа е лесно денеска. Јас сум среќна што неодамна направивме соработка со клиниката Жан Митрев и секое мое оддење таму е празник за мене, бидејќи сум во раце на вистински професионалци.“

Последните денови ни пристигна апарат со кој ќе понудиме безбедност на нашите пациенти и поради тоа тие ќе се чуствуваат убаво. Овој апарат има свој протокол и е со неинвазивна метода, а ефектите се како да сте добиле еден хируршки лифтинт. Има подготовка пред третманот, разговараме со пацинетот, го подготвуваме предходно и кога ќе ни дојде тој веќе е подготовен. Се чуствува благо боцкање и се става локален анеститк пред третманот“, објасни д-р Лазаревска.

Станојковска ја праша д-р Анџелка Илиева за третманот на стриите – еден од најголемите проблеми на жената.

Кога третираме стрии, потеребно е да се работат повеќе третмани. Отприлика, треба да поминат 28 дена од третманот за да може потоа да се направи следниот. Многу често пациентите не’ прашуваат зошто да чекаме 28 дена, одговорот е дека толку време ѝ треба на кожата да се регенира и најчесто крајниот ефект го гледаме откако ќе ги завршиме сите третмани, односно најмалку три месеци подоцна“, објасни д-р Анџелка Илиева.

Од публика имаше прашање до докторките: Како да се третира целулитот, а на ова одговори д-р Анџела Илиева.

Целулитот е најголемиот предизвик на секој дерматлог. Целулитот е дијагноза, не се само масни нагласи, дури и најслабите жени го имаат. Целулит значи едно оштетување на поткожното масно ткиво. Сите неинвазини тертмани не даваат некој голем ефект кога се работи за сериозен стадиум. Постои решение, постојат многу терапии за да се третира целулитот. Но каков и третман да се прави, потребно е целосно испитување на пациентот за да се види во каква состојба се наоѓа“, беше одговорот на д-р Илиева.

Текст и фото: Убавина и здравје

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.