Профемина 2021: Каков ќе биде периодот на менопауза зависи од исхраната, физичката активност и негата на кожата, заклучија експертите

„Нема пауза во менопауза“

Секоја животна доба е убава и треба достоинствено да се дочека, менопаузата не значи крај на среќата, радоста и активноста на жената

Започна третата панел-дискусија на „Профемина 2021“, а водителката Јована Стојменовиќ ја модерираше на тема „Што е менопауза и кои прашања ни ги носи во животот“, а одговор побара од м-р д-р Наташа Теовска Митревска спец. дерматовенеролог од „Ремедика“, Ивана Јанева Попов бренд-менаџерка за Vichy во „Септима“, д-р Татјана Гуржанова спец. акушер, гинеколог и IVF-специјалист во „Newborn Clinic“, Елена Петреска, поп-пејачка и ТВ-водителката Ирена Спировска.

Кај нас е жално што менопаузата ја поврзуваат со некаков изглед на бабичка, претпоставувам најмногу поради менталитетот генерално. Јас тврдам дека жената е способна да раѓа и над 50тата година и тоа ќе го образложам“, ја започна оваа дискусија доктор гинеколог Гуржанова, и додаде дека не се допаѓа терминот „климактерична жена“, кој кај нас многу често се користи.

Пејачката Елена Петреска се надоврза и истакна дека, според неа, од особено значење е психолошкиот момент на секоја жена, таа не сака да се ставаат жените во никаква рамка, туку треба да се однесуваат и да дејствуваат како што се чувствуваат однатре.

Жената со текот на годините се соочува со стареење што е многу природно и нормално, јас не сум за тоа да се спречува стареењето, напротив, постојано гледам 60-70-годишни жени кои се држат и се активни на сите полиња, и лично јас ги доживувам како мотивација. Сепак, сметам дека нема потреба да се форсираме. Секоја годишна доба си носи свои убавини. Само треба да сме подготвени и да уживаме во секој следен ден, кој според мене е дар од Бога“, објасни Ирена Спировска.

Воедно, Спировска до

 

даде дека како мала била извидник и љубовта кон природата и останала до ден денес, па сега редовно планинари, пред се’, кај нас на планината Водно, а од неодамна ги освојува и најголемите балкански врвови, а оваа активност многу ѝ помага да остане во форма и на нејзини 47 години. Таа им препорача на присутните да пронајдат спорт што е најинтересен за нив и да го практикуваат.

Сметам дека треба да имаме самодоверба, да го сакаме животот и да сме психички подготвени за тој пред-период на менопауза и да ги отвориме рацете и да го прифатиме најприродно  она што неминовно ќе дојде. За да им помогнеме на жените полесно да го поминат овој период ние ја имаме линијата Neovadiol на Vichy, која е наменета за нега на кожата во период на менопауза. Главната цел на оваа линија е да им докажеме на сите дека жената е преубава и во менопаузата, истакна“, Ивана Јанева Попов од Vichy.

Пандемијата на нас дерматолозите, па и на сите луѓе ни ги отвори очите и ни покажа дека здравјето е најважно. Менопаузата е физиолошки процес и едно е факт – сите порано или подоцна ќе поминеме низ тој процес. Но не кај секој од нас оваа појава ќе се манифестира на ист начин. Некому се менува кожата, кај некој ќе се појави нагло опаѓање на косата. Според мене, најважна е структурата на кожата, јас како дерматолог сакам да им помогнам да пациентите да си ја подобрат структурата на кожата. Да го решаваме проблемот во корен и на долги патеки“, истакна м-р д-р Наташа Теовска Митревска.

Главно, во периодот на менопауза е да се храните здраво и да сте физички активни, бидејќи во овој период постои ризик да заболите од остеопороза, а остеопорозата може да се спречи или барем успори ако сте физички активни во континуитет“, советуваше докторката Гуржанова.

Текст и фото: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.