Профемина 2019: Ги откривме бенефитите од озонската терапија

Убавина и здравје за целото тело

По разговорот со Весна Дедиќ, конференцијата продолжи со студијата на случај со наслов „Бенефитите од озонската терапија: убавина и здравје за целото тело“.

Д-р сци. Силвија Дума, дерматовенеролог, им откри на присутните нешто повеќе за озонската терапија, која станува се’ поактуелна, но малкумина знаат за сите нејзините придобивки и ја претстави новата колекција на Ozone Gold.

Антонија Локвенец зборуваше за своето искуство со користењето озонирани кремови за нега на кожа.

„Имам комбинирана кожа, односно помасна Т-зона, а открив дека кремовите на Ozone Gold имаат одличен ефект на моето лице – лесно се впиваат и имаат добра текстура“, откри Локвенец.

Д-р Дума објасни нешто повеќе за тоа какви кожни проблеми решаваат озонираните кремови: алергии, црвенила, вирусни инфекции, а може да се користат за сите делови од телото.

Шампоните од колекцијата, пак, помагаат за нега на косата и скалп, а Антонија прозборе и за користењето на антицелулитниот гел.

„Имам проблеми со целулитетот, а овој гел е одличен сојузник во борбата против најголемиот непријател на секоја девојка и жена“.

По завршувањето на студијата на случај, Јована Стојменовиќ ги повика присутните да го посетат поставениот штанд на Ozone Gold и да ги пробаат нивните производи, како и да се освежат за време на 15-минутната пауза со вода „Пелистерка“ и кафе или чај од „Франк“.

Официјален автомобил на настанот е комплетно новиот CLIO кој ќе ве воодушеви од моментот кога ќе го погледнете со својот модерен, динамичен стил, сензуални линии, нов светлосен потпис и ексклузивна внатрешност.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.