5 митови за меморијата: Ги „демистифицираме“ најчестите заблуди

Механизмите на помнење се интригантни како за експертите, така и за лаиците. Дознајте што од она што го знаете за нив е точно, а што не е…

1 Возењето велосипед не може да се заборави.

ТОЧНО Кога еднаш ќе научите да возите велосипед, тоа е за цел живот. Специјалистите тврдат дека сензомоторните вештини не можат да се заборават, бидејќи потребни се многу повторувања за да ги совладате.

2 Кој јаде риба има добра меморија.

НЕТОЧНО Рибата, како и месото, спаѓа во намирници што ја подобруваат меморијата, благодарение на протеините што ги содржи. Но тоа не значи дека оној што често јаде риба автоматски има и добра меморија.

3 Игрите за стимулација на мозокот ги активираат механизмите на помнење.

ТОЧНО И НЕТОЧНО

Експертите велат дека, иако она што е научено со повторување станува автоматизам, ниедна вежба не може да влијае за зголемување на капацитетот меморија, ниту за „подмладување“ на мозокот.

4 Најдобро се помни она што ќе се научи напамет.

НЕТОЧНО Научниците тврдат дека најдобро се помни она што се учи со разбирање. Песничките научени во училиште ги помниме благодарение на мелодичноста на стиховите.

5 Меморијата е синоним за интелигенција

НЕТОЧНО Експертите ги разделуваат овие два поима. Интелигенција е збир ментални способности што овозможуваат разбирливост на поимите, а меморијата е биолошка и психичка активност, која му помага на мозокот да ги потхрани информациите.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.