Профемина 2019: Весна Дедиќ не’ прошета по булеварот на женските тајни

„Не сум среќна што сум сама, но среќна сум што сум слободна“, откри Весна Дедиќ

Со громогласен аплауз преполната сала на „Александар Палас“ ги поздрави Весна Дедиќ и Татјана Алексиќ – првите учеснички на конференцијата Профемина 2019.

„Чест ми е да ја претставам жената која докажа дека не постои машка и женска професија“, започна професорката Татјана Алексиќ и го продолжи разговорот во насока на тајните на женската сензуалност.

Весна Дедиќ го откри својот став дека секоја жена се раѓа со доза еротичност и женственост, кои потоа во текот на животот може да почне да ги губи ако не ги негува, како и тоа дека најубавата жена е жената што е сакана.

„Нема поубава уста од уста после страстен бакнеж“, се надоврза проф. Алексиќ.

Дедиќ отворено зборуваше и за својот љубовен статус.

„Не сум среќна што сум сама, но среќна сум што сум слободна“

Весна ја откри тајната на женските пријателства, велејќи дека пријателките многу добро треба да знаат зошто и кога треба да се искритикуваат една со друга – ласкањето и лажните комплименти не се знак на пријателство.

Алексиќ се повика на романот на Весна Дедиќ „Ничија“, а авторката појасни дека во љубовта најтешко е да се биде нечија најсакана, а притоа да се остане своја.

„Никогаш не смеете да се откажете од својот сон, за никого“, им порача Дедиќ на присутните.

„Жените можат се’: да работат на својот професионален развој, да бидат веле-мајстори во кујна, виртуози во кревет… – Мит или вистина?“, ја праша Алексиќ.

„Кога бев млада ја прочитав добро познатата изрека: биди домаќинка во кујна, љубовница во кревет и дама на улица – и оттогаш па се’ до денес јас се трудам да бидам сето тоа“, призна Дедиќ.

Кога професорката Татјана ја праша како ја одржува својата убавина, сепцијалната гостинка им порача на сите жени редовно да одат на лекарски контроли и да се грижат за своето здравје.

„ Секоја жена треба да има врвен стоматолог, врвен гинеколог и врвен дерматолог. Јас внимавам што јадам, тренирам, одам на козметички и ласерски третмани – правам се’ што е потребно за да го одржам својот изглед“, заврши Дедиќ.

Разговорот со Весна како да траеше прекратко и присутните останаа жедни за уште. Како што ги пречекаа, така и ги поздравија првите учеснички на Профемина – со громогласен аплауз.

За целото тоа време, публиката имаше можност да го види официјалниот автомобил на настанот, комплетно новиот CLIO кој ќе ве воодушеви од моментот кога ќе го погледнете со својот модерен, динамичен стил, сензуални линии, нов светлосен потпис и ексклузивна внатрешност

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.