Принцот Џорџ слави: Специјална локација за прослава на 6-от роденден

Оваа дестинација има и сентиментална вредност за членовите на кралското семејство

Британскиот принц Џорџ ќе го прослави својот шести роденден, а неговите родители подготвија посебна прослава за тој ден. Семејството отпатува на Карибите, на островот Мистик. Кралското семејство е посебно приврзано за овој остров, поради принцезата Маргарет, сестра на кралицата Елизабета. Таа таму закрепнувала од бурниот брак со Ентони Армстронг Џонс. Тогашниот сопственик на островот решил да ѝ го подари на Маргарет, која подоцна таму изградила прекрасна вила која ја нарекла „Прекрасна вода“.

Членовите на кралското семејство често летуваат на овој остров, кој им нуди мир и приватност. Таму на одмор одат дури и членовите на семејството на Кејт, родителите Керол и Мајк и сестра ѝ Пипа со сопругот Џејмс.

https://www.instagram.com/p/BxqMfZglEOv/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BxqMgq0FOcA/?utm_source=ig_embed

Фото: guliver/gettyimages
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.