Предвидување на руски доктор што го загрижи светот: Короната не е последниот вирус во низата, еве што нѐ чека во иднина!

Последици од глобалното затоплување

Руски биолог предвидува можно одмрзнување на древните вируси кои се сериозна закана за човекот

Рускиот биолог Кирил Шаршов смета дека вирусите од одмрзнатиот вечен мраз може да претставуваат сериозна закана за човештвото.

Според него, постои хипотеза дека со глобалното затоплување, со топењето на ледниците, се одмрзнуваат и древни вируси.

Сепак, сега актуелно е да се зборува за коронавирусот, за кој тој вели дека и претходно бил активен, но системите за тестирање не го забележувале.

Меѓутоа, постојат вируси кои живеат во животните, но не се опасни за луѓето, вели тој и како пример го наведува вирусот кој предизвикува бронхитис кај пилињата.

Тој додава дека постојат и други респираторни вируси што ги инфицираат животните и кои може да се пренесат на луѓето, како беснило и енцефалитис.

Шаршов додава и дека денес стануваат сѐ поактуелни вирусите што ги пренесуваат инсектите во тропските предели, но поради глобалното затоплување, тие се поместуваат и во посеверните краишта.

„На пример, вирусот западнонилска треска и разните видови маларија, кои ги носат комарците во нашите краишта“, открил Шаршов.

Предвидување на познат британски астролог: Еве кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.