Акните, флеките и воспаленијата на лицето се минато: Овој магичен прав ќе ја врати вашата кожа 10 години назад

Домашна нега

Со овој зачин, сите проблеми поврзани со кожата ќе исчезнат

Воспалителните процеси на кожата не се реткост и можат да преминат во хронични доколку не се третираат. А како последица на воспалителните процеси/акните, на кожата настануваа темни флеки кои тешко се отстрануваат. Денес постојат многу ефикасни козметички третмани што го решаваат проблемот со вишок себум, исфрлена и инфицирана кожа, но и природата има решение за ова – куркума!

Куркумата е зачин кој од неодамна почна да има повеќекратна примена, поради своите благотворни својства. Едно од тие својства е поврзано со кожата, па куркумата почна да се користи и за медицинско-естетски цели.

Куркумата е богата со активното соединение куркумин, кое е богато со антибактериски и антивоспалителни својства и кога ќе се нанесе на кожата, тој активира борба против нечистотии и воспалителни процеси, кои доведуваат до појава на мозолчиња и акни, како и против хиперпигментација, флеки и лузни на кожата, настанати од оштетувања на кожата од акни, сончање и разни инфекции.

Маска од куркума и лимон

Оваа маска со дејството на куркумата ќе ја спречи појавата на нови инфекции на лицето, така што ќе ги отстрани бактериите и вишокот себум, а лимонот ќе ги намали порите и ќе ја ублажи хиперпигментацијата и со самото тоа можноста штетните агенси да продрат подлабоко во кожата и да предизвикаат нова инфекција. Исто така, лимонот ќе влијае врз намалувањето на хиперпигментацијата и лузните на ткивата на лицето, поради високата содржина на витамина Ц и други компатибилни состојки.

Состојки:
  • 1 лажиче куркума во прав
  • 2 лажички свежо цеден лимон

Маска од куркума и кокосово млеко

Оваа маска дејствува антивоспалително поради присуството на куркума, а кокосовото млеко има способност да ги отстрани мртвите клетки од површината на кожата, што ќе направи маската да продре во подлабоките слоеви на кожата и темелно да ја исчисти. Исто така, кокосовото млеко длабински ќе ја нахрани вашата кожа и ќе дејствува на зараснувањето на несаканите флеки и лузни. Кокосовото млеко има и многу позитивно влијание врз процесот на стареење на кожата, па тоа е уште едно корисно својство на оваа маска за лице.

Состојки:
  • 1 лажиче куркума во прав
  • 2 лажички кокосово млеко

Измешајте ги состојки и намачкајте ја маската на чисто лице, а потоа оставете ја да дејствува околу 20 минути. Потоа, измијте ја кожата со млака вода и исушете ја.

Испробајте ја маската за лице која Џиџи Хадид ја користи во изолација

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.