Испробајте ја маската за лице која Џиџи Хадид ја користи во изолација

Природни состојки

Не можеме да негираме – кожата на Џиџи Хадид е сјајна – и тоа со добра причина!

25-годишната манекенка ги користи услугите на славната Мими Лузон, чии клиенти ги вклучуваат славни убавици како Наоми Кембел, Каја Гербер, Ирин Шајк, Адријана Лима и секако, сестрите Џиџи и Бела Хадид.

Но, во овие тешки времиња, не сите од нас можат да си дозволат скапа козметика. Познато е дека маските за лице на Лузон од златни честички чинат 349 долари. Центарот за убавина Мими Лузон сакаше да им помогне на сите дами за време на карантинот и го споделија својот едноставен рецепт за маска за лице.

Лесната маска не бара многу состојки и, како што објаснува Лузон, таа е „одлично средство за чистење на токсините, го засилува тонот на кожата и ѝ дава брз сјај“.

Прочитајте и: 5 јасни знаци кои откриваат дека вашето лице старее побрзо од вас

Потребна ви е една чаша зелен чај, две чаши оризово брашно и половина лажичка мед. Сето тоа измешајте, масирајте ја кожата на лицето и оставете да отстои 20 минути. Потоа исплакнете ја маската со топла вода и погледнете ја вашата свежа, сјајна кожа.

Колку често можеме да ја користиме маската? Лузон сугерира „колку што е можно повеќе“. Таа исто така додава дека „следејќи ги источните практики за нега на кожата, е исклучително корисно за нашата кожа секојдневно да користи маски за лице со различна функција; овие можат да бидат зацврстувачки, навлажнувачки или за осветлување на кожата. Се разбира, можете да користите било каква маска што ја имате дома секој втор ден, или самите да направите третман дома“.

Спасоносни капкички: Природните масла во служба на убавината… и здравјето!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.